Граѓанското општество и Вклучувањето во него - YMCA Skopje

Go to content

Main menu:

Програми

ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО И ВКЛУЧУВАЊЕТО ВО НЕГО

  
YCS YMCA е младинска организација, која дејствува за подобрување на животните услови на младите и создавање на услови за граѓански активности за младите луѓе, кои го промовираат својот личен развој и граѓански вештини. Целта на оваа група е да се зајакне капацитетот на граѓанскота работа и учеството на младите и на маргинализираните и ранливите групи во општеството.

  
Во 2006:


YCS YMCA обезбеди широк спектар на можности за неформалното образование и граѓанското образование, за млади волонтери, лидери и различни групи на млади луѓе, преку меѓународни, национални и локални обуки, курсеви и семинари, како и соработка, проекти и поврзување со други невладини организации во областа на полицијата, човековите права, создавањето на демократија, социјална вклученост и положбата на малцинствата, екологијата и регионалната соработка во младинскиот сектор.
Многу важен дел од работата на оваа група беше можноста за обука и сето тоа преку низа заеднички настани, организирани во национални мрежи, во кои YCS YMCA е дел од организацијата или координација.
Сепак, нашата YCS YMCA стави дополнителни напори преку работата на нашите водачи за одржувањето на интерните обуки, како дел од процесот на учење во организацијата.

Преку годината се повеќе обуки беа органиизирани на тема: Проектен менаџмент, работата и можностите на програмата за млади, образованието за човековите права, според упатството на Советот на Европа, итн. Лидерите и олеснувачи на обуките и работилниците беа млади лидери на YCS YMCA, на ИВС волонтери, обучувачи од Европскиот Центар за малцински прашања и ОБСЕ. Потпомагањето и поддршката за младите преку неформалното образование, и потребата за подобрување на состојбата со човековите права, во 2006 година, YCS YMCA организира уште еден циклус на курсеви за обука на мултипликатори во областа на образованието за човековите права. Траејќи шест месеци, обука беше успешно спроведена од страна на YCS YMCA лидерите во соработка и со поддршкта на градската библиотека "Браќа Миладиновци".

Преземање на одговорноста и предизвикот за организирање на обуки во јавниот простор, познат како место за средба за јадрото на младите интелектуалци, средношколци и студенти во Скопје, беше голема храброст и подготвеност на нашата YMCA да се соочи со младите луѓе и нивните вистински предизвици и потреби.

 
 
Back to content | Back to main menu