Архива - YMCA Skopje

Go to content

Main menu:

ФАРЕ 2015

На  21 до 22 октомври во Спортскиот центар Борис Трајковски ( мала сала) се одржа традиционалниот фудбалски турнир Заедно на теренот против расизмот во тамките на ФАРЕ акцоните седмици на фудбалските луѓе која годинава се одржа од 8 до 22 октомври 2015. Во финалето на турнирот УМКА Скопје играше против ВЦС. Победи ВЦС 7-4.

http://www.farenet.org/campaigns/football-people-action-weeks/

Младинска размена: Зголеми ја својата запосливост

УМКА Скопје беше дел од младинската размена Зголеми ја својата запосливост во рамките на програмта Еразмус + која се одржа во Задар од 12-20 Октомври. 39 учесници од 9 земји учествуваа на настанот. Домаќин на размената беше Европска куќа од Славонски Брод и покрај УМКА Скопје учествуваа Change it!, Чешка, European Information Centre, Велико Трново, Бугарија, Konya Metropolitan Municipality Kilicarslan Youth Center, Турција, Stowarzyszenie Edukacji Pozaformalnej “Meritum” Полска, Asociasion Cultural Sende, Шпанија, EDUCIVIS, Словачка, Centar za edukaciju mladih, Босна и Xерцеговина.

МХД УМКА Скопје е партнер во проектот Home Europeanus

Состанокот на 14 партнер организации вклучени во проектот Home Europeanus се одржа од 8 до 11 октомври во Братислава, Словачка. Проектот е дел од програмата Европа за граѓаните 2014-2020, Акција 2.3 Проекти за граѓанско општество. Проектот ќе се имплементира од 1 септември 2015 до 31 декември 2016 и 14 патрнери се: Europe House Slavonski Brod, Хрватска, YouNet, Италија, European Information Centar Veliko Tarnovo, Бугарија, Centre for Civic Education, Црна Гора, Educational Center Kruševac, Србија, Asocijacija za napredok, edukacija i lobiranje, Скопје, Р. Македонија, Stowarzyszenie Edukacji Pozaformalnej “Meritum”, Полска, EDUCIVIS, Словачка, Change it!, Чешка, Inštitut za družboslovne in humanistične raziskave (IDH), Словенија, Daugavpils Universitate, Латвија, Promocion Educativa Sociedad Cooperativa, Шпанија, Civic Initiatives Citizens Association for Democracy and Civic, Србија и УМКА Скопје, Р. Македонија.  

http://europski-dom-sb.hr/projekti/homo-europeanus

YMCA Европски одбојкарски шампионати во Скопје

Од 28-31 мај 2015 УМКА Скопје беше домаќин на YMCA европските одбојкарски шампионати. Во четири конкуренции, жени сениори и јуниори и мажи сениори и јуниори учествуваа YMCA репрезнтациите на Финска, Германија, Шведска, и домаќинот Македонија со преку 130 играчи и членови на делегациите. (Со оваа бројка ова беше најголемиот YMCA интернационален настан досега организиран во Македонија)  Во женска јуниорска конкуренција нашите одбојкарки се закитија со златен медал, а во женска сениорска со бронзен.

YMCA Македонија на генералното собрание на YMCA Европа

Од 14-ти до 17-ти Мај 2015 година во Талин, Естонија во просториите на  Меритон Гранд Хотел (Meriton Grand Conference Hotel) беше одржано Генералното Собрание на YMCA Европа на кое беа дел повеќе од 130 делегати од 38 различни држави. Нашите претставници Елена Јовевска од УМКА Скопје и Маја Ивковска од ИМКА Битола имаа можност да се запознаат и дружат со дел од водечките тимови на движењето YMCA и да научат нешто повеќе за трендовите за акција на глобалната YMCA мрежа. Исто така, нашите претставниции зедоа учество на семинарот „Пат до прогресот“ кој се одржуваше во Талин во исто време како и собранието, во периодот од 11-17 мај. Семинарот претставуваше подготвителна алатка за Генералното Собрание на YMCA 2015. Учесниците од ЈЕС мрежата преку активни дискусии се подготвуваа за учество на истото. Од вкупниот број делегати кои беа присутни на Генералното собрание, 40% беа претставници на ЈЕС Мрежата, кои беа на возраст под 30 години и доаѓаа од 27 различни држави.

https://www.flickr.com/photos/ymcabitola/sets/72157653573688282


Твој е редот за социјални промени

Твој е редот за социјални промени е проект развиен од четири партнерски организации, УМКА Скопје, Макоеднија, ), European Information CentreВелико Трново, Бугарија,  Konya Metropolitan Municipality Kilicarslan Youth Center Турција и Европска куќа Славонски Брод, Хрватска. Вкуно 32 учесници( по 8 од земја) зедоа учество во двете главни активности чиј доачин беше Европска куќа Славонски Брод и се одпржаа во Загреб ( 15-20 април) и Задар (2-8 септември). Проектот беше дел од Еразмус + програмата, К3 акција, Подршка за реформи на политиките.

https://www.youtube.com/watch?v=1HM8oXD7OSo
https://www.youtube.com/watch?v=BXISsspOOlc

Тренинг курс:  Кој сака да биде претприемач?

Од страна на Кипарското Младинско Собрание и НатурКултур -Германија под покровителство на програмата Ерасмус+ од 4-ти до 12-ти Април во Лимасол, Кипар беше реализиран тренинг курс со наслов “Кој сака да биде претприемач?”. На настанот учествуваа 36 млади луѓе од Малта, Италија, Кипар, Македонија, Германија и Турција. Целта на овој настан беше да се мотивираат, охрабрат и едуцираат млади работници кои понатаму ќе започнат сопствен бизнис, како и да се поттикне претприемачки начин на размислување кај истите. Тренингот се состоеше од предавања, тимски активности како и работилници и работа во групи каде што секој од учесниците работеше на дадена тема, со што крајните резултати беа презентирани пред останатите учесници. На тренингот учествуваа и 3 претставници на УМКА Скопје.

ESY Sport Seminar

Оваа година Спoрт Семинарот  организиран  од   ESY се одржa во Колдинг,  Данска од 23 до 26 Октомври 2014. Спoрт Семинарот вклучува физички активности, тренинзи, дискусии за YMCA вредностите во спортот, размена на искуства помеѓу лидерите, но исто така претставува и место на кое што се среќаваат млади луѓе и разменуваат интеркултурни искуства. Оваа година учествуваа претставници на  YMCA од државите: Данска, Македонија, Германија, Италија, Шведска и Финска.

Fare 2014

Aкционитe недели на ФАРЕ ( Фудбал против расизам во Европа) за 2014 се одржаа од 9 до 23 октомври. УМКА Скопје и годинава беше дел од настанот и го одржа својот традиционален турнир во мал фудбал „Заедно на теренот против расизмот“ викендот 17-18 Октомври. На турнирот учествуваа граѓански организации кои се занимаваат со спорт и со прашањата на малцинствата. Во финалето  на турнирот се сретнаа УМКА Скопје и Волонтерски центар. УМКА Скопје е навистина горда што беше дел од стотина активности ширум Европа кои придонесоа за испраќање на силна порака против расизмот и дискриминацијата во фудбалот и спортот. Им благодариме на ФАРЕ за организацијата на овој извонреден настан и за подршката на нашиот турнир.

Mosaic Structured European

Mosaic Structured European Identity беше 8 дневна младинска размена, организирана од European House Slavonski Brod во Задар, Хрватска. Во оваа размена учествува учесници од Македонија, Грција, Хрватска, Бугарија, Романија, Турција и Босна и Херцеговина, кои на оваа размена  го истражуваа нивниот европски идентитет по пат на анализирање на универзални мудрости, народни поговорки и клишеа користејќи секојдневни разговори во контекст на Европското жителство. Размената се состоеше од работилници и работа во групи за време на кој учесниците  работеа на дадена тема, а крајните резултати  беа презентирани со јавен настап во Задар на последниот ден од размената. Исто така крајниот продукт од работилниците ќе биде ипечатен во форма на речник од поговорки на сите јазици од државите учеснички.

The European Youth Event (EYE 2014)

Европскиот Младински настан (EYE 2014) обедини 5000 млади луге од Европа на возраст од 16-30 години на настанот се одржа на 11 Маj во Стразбург со цел да раменуваат идеи и искуства на теми поврзани со денешните предизвици кои ги имаат младите луѓе. Учесниците имаа прилика да бидат дел од панел дискусии на теми поврзани со човекови права, невработеност меѓу младите, дигиталната револуција, и да ги споделат нивните идеи за иднината на Европа со локални политичари новинари. Нивните идеи ќе бидат доставени до ново-избраните членови на Европскиот парламент за време на првиот голем собир во Јули.
Повеке од 200 работилници и семинари се одржаа во соработка со 180 говорници кои разменаа идеи поврзани со идниот превец на Европа. За време на сите три дена учесниците доаѓаа до идеи и предлози за посилна легислатива за заштита на тренерите, унифицирани правила за Европски избори и подобро образование за Европски прашања.
Млади новинари присуствуваа на сите дебати и ќе креираат извештај со резултатите кој ке биде презентиран на парламентот во јули.
Во меѓувреме YO!Fest, организиран ог Европскиот Младински Форум, се одржа надвор од просториите на парламентот. Младите луѓе имма прилика да посетат бројни штандови на различни организации и во исто време да уживаат во забавата организирана од YO!Village. Исто така како дел од програмата беше организарна посета на парламентот заедно со професионални фотографи кои укажуваа на идеалните места за сликање. Потоа учесниците ги аплодираа сликите на инстаграм со назнаката #EPinstameet.
УМКА Скопје беше преставувана на овој настан со двајца свои младински лидери.

Спортски семинар во Литомишл

УМКА Скопје учествуваше на спортскиот семинар во прекрасниот Литомишл, во Чешка, во периодот од 26-29 септември 2013. Спортскиот семинар се одржа во тренинг центарот на УМКА Европа, сместен во стариот замок во Литомишл. Семинарот беше организиран од Европски спорт УМКА спортската програмска група на УМКА Европа. На настанот учествуваа околу 30 претставници од Данска, Шведска, Финска, Германија, Италија, Украина и Македонија. УМКА Скопје беше претставена со двајца учесници. Особено сме среќни што бевме дел од овој настан и благодариме спортската програмска група на УМКА Европа за поканата и подршката да учествуваме на спортскиот семинар. Се надеваме на уште поинтензивна взаемна соработка и континуирано учество на спортските настани што ќе резултура со здобивање на искуство, вештини и знаење кои се неопходни за нашата организација.

YMCA Европа фестивал - Прага

Пет члена македонска делагација,  од кои три од УМКА СКопје ( двајца волонтери) учествуваа на YMCA Europe фестивалот во Прага, Чешка. Главното мото на фестивалот беше Love to Live. 5000 луѓе од цела Европа и светот се собраа да го слават животот,  различноста и да прослават се она што значи да се биде млад во Европа и во светот како и поттикнување на луѓето за, служење на општеството и заедничко работење со цел да се направат промени. Учесниците имаа можност да присуствуваат и учествуваат на разни работилници, спортски активности, концерти, да ја истражат Прага и многу повеќе.

Mладинска размена - “ОБЕДИНЕТ БАЛКАНСКИ ВАВИЛОН”

Од  31 август до 7 септември 2013 шестчлена делегација на УМКА Скопје учествуваше на младинска размена насловена “ОБЕДИНЕТ БАЛКАНСКИ ВАВИЛОН” организирана од страна на Европска Куќа Славонски Брод  во рамките на програмата Млади во акција, поглавје 3.1 во Задар, Хрватска. На размената учествуваја 30 млади луѓе од Хрватска, Македонија, Турција и Босна и Херцеговина. Целта на размената беше да се истражува нивното Европско граѓанство на регионално ниво анализирајќи ги заедничките зборови во денешните Балкански јазици што произлегуваат од Отоманскиот период  и од улогата на Балканското/Отоманско наследство во врска со Европското граѓанство. Размената се состоеше од работилници и округли маси на кои учесниците работеа на темата, и крајниот резултат ќе биде презентиран во форма на речник на Турски зборови што постојат во јазиците на сите држави кои учествуваа во овој проект.

УМКА Скопје заедно со претставници на ИМКА Битола присуствуваше на тренинг во Романија

"Looks like teen spirit" е девет дневен тренинг курс кој се одржа во Романија, Баја Маре од 30 Мај до 7 Јуни 2013 и имаше за цел да ги обедини 30 млади луѓе од Молдавија, Турција, Македонија, Србија, Италија, Малта, Украина, Косово и Романија. Овој проект го промовираше активното и одговорно жителство во Европа, вклучувајќи го и дијалогот помеѓу младите од различни културни, позадини и религии, развивајќи солидарност, чувство за толерантност како и разбирање на различностите. Преку различни алатки и работилници главна тема на дискусиите беше разбивање на стереотипите, предрасудите, дискриминацијата, ксенофобијата. Овој проект се фокусираше на вклучување на младите во општеството, личните одговорности и мултикултурален дијалог и соработка.

Подготвителниот состанок за младинска размена ОБЕДИНЕТ БАЛКАНСКИ ВАВИЛОН

Подготвителниот состанок за младинска размена во рамките на програмата Млади во акција - ОБЕДИНЕТ БАЛКАНСКИ ВАВИЛОН организиран од Европска Куќа Славонски Брод се одржа на 30 мај до 2 јуни во Задар (Хрватска).  
ОБЕДИНЕТ БАЛКАНСКИ ВАВИЛОН  е осумдневна младинска размена, организирана од    Европска Куќа Славонски Брод во рмаките од  програмат Младо во акција поглавје 3.1 кој ќе се одржи од 31 август до 9 септември 2013 год. во Задар,Хрватска. Размената вклучува 30 млади луѓе од Хрватска(  Европска Куќа Славонски Брод), Бугарија( Европски информативен центар, Велико Трново), Македонија( УМКА Скопје), Турција( Метрополитска Општина   Коња) и Босна и Херцеговина( Центар за Едукација) ,кои ке го истражуваат нивното Европско граѓанство на регионално ниво анализирајќи ги заедничките зборови во денешните Балкански јазици што произлегуваат од Отоманскиот период и од улогата на Балканското/Отоманско наследство во врска со Европското  граѓанство.   Размената  ќе се состои од работилници и округли маси на кои учесниците ке работат на темата, и крајниот резултат ќе биде презентиран на јавен настан во Задар на последниот ден од размената, исто така ќе биде презентиран речник на Турски зборови што постојат во јазиците на сите држави претставувани во овој проект.

Надвор од целта – активност за градење на партнерства  во рамките на програмата Млади во акција

Од 27 април до 6 мај УМКА Скопје беше организатор на Надвор од целта – активност за градење на партнерства  во рамките на програмата Млади во акција

“Out of target” беше PBA( активност за градење партнерства)  организиран од страна на YMCA Скопје во рамките на акција 3.1 кое се одржа од 27 Април до 6 Мај 2013 година во Струга. На размената се собраа 33 учесници од 14 држави (Македонија, Црна Гора, Албанија, Србија, Грузија, Белорусија, Украина, Хрватска, Литванија, Чешка, Бугарија, Романија, Грција и Турција). Главна цел на овој PBA беше да му се даде прилика на учесниците да воспостават контакти и партнерства како почетна точка за нови проекти. Учесниците имаа прилика за меѓусебна интеракција, развој на идеи за идни настани исто како и споделување на знаења и искуства. Учесниците се вклучија во разни симулации, предавања, тимски активности и разговараа на различни теми со цел да стекнат искуства и познавања потребни за справување во ситуации со разни предизвици.

Членот на УМКА Скопје-  Панче Пренџов учествуваше на тренинг во Барселона

"Youth and Work with INCA and Southeast Europe" проектот беше тренинг курс кој се одржа во Llinars del Vallès Линарес де Валес, Барселона од 2ри до 10ти Април 2013. Учествуваа 26 Млади луѓе од Шпанија, Италија, Швајцарија, Велика Британија, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово. Главната тема на проектот беше невработеноста кај младите и социјалните проблеми кој таа ги креира. На тренинг курсот како примарна цел беше анализа на  ситуацијата со која што младите  во Европа се судираат, но и да го охрабри и поттикне нивното чувство за иницијатива, како и да се изнајдат алтернативни решенија базирани на креативноста. Планираните активности вклучуваат игри и разни активности за зацврстување на групата, театар, аудио-визуелни и кловн работилници, активности со работење во групи, симулации, како и многу активности кој се фокусирани за продолжување на овој проект во иднина. Работната методологија е базирана на работа во групи, социјален театар, работилници во кој што методолошкиот пристап е преку неформално образование.

ЕНВИ

Во рамките на ИПА меѓуграничната програма помеѓу Грција и Македонија  се одвива и  проектот Локалните заедници во еко акции. (ЕНВИ) Проектот започна во  март 2012 и ќе трае до крајот на септември 2013. Главна цел на проектот е “Заштита   на животната средина и природните ресурси, сензибилизација и волонтерско учество на локалните заедници со цел – подобрување на квалитетот на речните води и животот во меѓуграничниот простор”. УМКА Скопје е еден од четирите партнери кои го имплементираат проектот.
Повеќе на www.enviproject.eu

ФАРЕ 2013

Aкционитe недели на ФАРЕ ( Фудбал против расизам во Европа) за 2013 се одржаа од 15 до 29  октомври и во нив беа вклучени  46 земји од сите страни на Европа, а активности се одржаа и на африканскиот, јужноамериканскиот и северно американскиот континент.  УМКА Скопје и годинава беше дел од настанот и го одржа својот традиционален турнир во мал фудбал „Заедно на теренот против расизмот!“ На турнирот учествуваа граѓански организации кои се занимаваат со спорт и со прашањата на малцинствата. Во финалето  на турнирот се сретнаа УМКА Скопје и Волонтерски центар. Екипата на волонтерски центар победи 5-3. УМКА Скопје е навистина горда што беше дел од стотина активности ширум Европа кои придонесоа за испраќање на силна порака против расизмот и дискриминацијата во фудбалот и спортот. Им благодариме на ФАРЕ за организацијата на овој извонреден настан и за подршката на нашиот турнир.

ФАРЕ 2012

Традиционално  УМКА Skopje беше дел од ФАРЕ ( Фудбал против расизам во Европа) акционата недела која се одржа во октомври и во која беа вклучени  околу четириесетина   земји од сите страни на Европа . МХД УМКА го одржа својот традиционален турнир во мал фудбал „Заедно на теренот против расизмот!“ На турнирот учествуваа граѓански организации кои се занимаваат со спорт и со прашањата на малцинствата.  МХД УМКА е навистина горда што беше дел од стотина активности ширум Европа кои придонесоа за испраќање на силна порака против расизмот и дискриминацијата во фудбалот и спортот.

Тренинг курс "I Love Transparency" Крајова , Романија

Од 9 до 16 јануари во Крајова, Романија,  се одржа тренинг курс на тема "I Love Transparency". На тренингот  имаше учесници од Романија, Ерменија, Турција, Македонија, Молдавија, Бугарија и Полска. Од Македонија, Стефан Додов,Александар Георгиев и Меги Попоска учествуваa во оваj тренинг.
На тренингот учесниците ги споделија своите ставови во врска со транспарентноста како и  проблемите  во нивните земји. Научивме многу за транспарентностa од правна гледна точка како  и споредување на практични проблеми  учесниците на тренингот во нивните земји  и  законодавството на ЕУ во врска со транспарентноста.
На вториот дел од тренингот  почнавме да развиваме идеи и начини како да се подобри транспарентноста во нашите земји. Како начин за подобрување на транспарентноста во администрацијата сугериравме дека инволвираностa  и интересoт  на граѓаните е од клучно значење.
Исто така, се донесе заклучок дека стекнатото искуство во овај тренинг ќе се примени од страна на невладините организации преку своите претставници на тренингот во земјите од каде што доаѓаат.

ФАРЕ 2011

Традиционално и годинава МХД УМКА беше дел од ФАРЕ( Фудбал против расизам во Европа) акционата недела која се одржа од 12-25 октомври и во која беа вклучени  42  земји од сите страни на Европа . МХД УМКА го одржа својот традиционален турнир во мал фудбал на 16-17 октомври. Покрај фудбалскиот турнир на 23 октомври се одигра и ревијален натпревар со екипата  на Студентскиот парламент на Филолошкиот факултет кој исто така беше учесник во акционата седмица со свои активности. МХД УМКА е навистина горда што беше дел од стотина активности ширум Европа кои придонесоа за испраќање на силна порака против расизмот и дискриминацијата во фудбалот и спортот.

Посета на YMCA Somerset hills во Македонија

Уште еднаш нашите пријатели од YMCA Somerset hills во посета на Македонија. Тие дојдоа тука за да ги споделат своите знаења и искуства со локалните YMCA волонтери. Волонтерите од YMCA Somerset hills  посетија многу места, како што e ХЕРА центарот во Шутка каде што научија многу за ромската култура , исто така, тие го посетија СОС Детското село, каде што работеа со деца. Исто така тие го посетија многу историски споменици  и знаменитости од каде што научија многу  за македонската култура, традиција и историја. Како и минатата година  одлична соработка продолжува помеѓу нашите организации во размена на искуства, идеи и знаење.

 
Back to content | Back to main menu