Уметности и Вештини - YMCA Skopje

Go to content

Main menu:

Програми

УМЕТНОСТИ И ВЕШТИНИ  

  
Програмата за уметности и вештини е со цел да ја промовира креативноста, довербата и компетентноста на младите луѓе, нивно опремување со лични, општествени, и технички вештини и понуда за различни начини за организирање на образовните активности.

Во 2006 година:

Програмата за уметности и вештини овозможува нови можности за меѓународни искуства на многу млади волонтери, меѓукултурна размена и  учење со цел да се даде нов поттик на младите луѓе и за се добијат повратни информации за својата уметничка определба. Работата во 2005 година, ги зајакна капацитетите на новите тимови во различни полиња на оваа програма, вклучувајќи и некои добро обучени лидери, со што во програмата се постигнаа промени и се обезбеди квалитетна програма за многу деца и млади луѓе.

Различни групи:

Тенсинг групата на нашата YMCA е една најстара и најодржлива група . Во претходните години, исто како и во оваа, имавме некои промени во лидерските и волонтерите тимови, оваа група постојано работеше секоја среда во текот на целата година со постојан број од над 20 волонтери. Оваа група изведуваше YMCA тенсинг песни, но оваа година повеќе беше фокусирана на традиционалните македонски песни. Во 2006 година, тенсинг група направи огромни успеси во групната работа со деца, како и заедничко изведба со театарскат група  КОИ ја промовираа нашата YMCA Македонија  на повеќе меѓународни и важни настани.

Во текот на 2006 година, театарската секција  направи неколку активности во областа на драмата и театарските претстави.
Оваа група работеше на сценариото кое е производ на повеќе членови на театарот, сценарио во кое тие вметнаа сегмент од претставата на младинскиот  арт фестивал во Битола. Координатор на групата беше Снежана Ѓорѓиева, која ја  даде идејата за драмата. Работата на сценариото ќе продолжи и во 2007 година.
Во исто време, Бојан Кирковски го водеше курсот за пантомима и театарско движење на телото со неколку членови на нашата група. Курсот вклучи кратки предавања за античката, средновековната, класичната драма и модерната драма. Овие предавања беа координирани и предводени од Душко Крстевски.
Работата на групата за уметности и вештини ги подржуваше програмите за грижа на децата во текот на годината, со квалитетни уметнички  и музички олеснувања и поголеми настани во кои YMCA зема учество и стапи во партнерство или мрежно поврзување со различни организации и институции.
Театарот и тенсинг групата од 13 членови беше главниот дел од големите европски перформанси на мостовите на Вардар, на младински арт фестивал во Битола како отворен град и со нивните професионални и мултимедијални перформанси,основани врз основа на различните европските традиции и етно музика го допреа срцата и предизвика аплауз на илјадници млади луѓе собрани во Битола. Проектот- Мостовите на Вардар не беше само уметнички предизвик за YMCA групите, тукуи единствена образовно и интеркултурно патување, кои ги збогатуваат карактерите и животите на младите луѓе. Преку здружувањето во Битола, 60 млади луѓе од различни делови на Европа - Хрватска, Македонија, Португалија, Шведска, Шпанија и Полска  манифестирајќи ги нивните таленти и култури преку палета на уметнички активности, YMCA групата даде придонес за европското културно наследство и традиција, а во исто време незаборавно општествено искуство за локалната заедница.

 
 
Back to content | Back to main menu