Историја - YMCA Skopje

Go to content

Main menu:

За нас

ИСТОРИЈА

Идејата за YCS YMCA Македонија - Скопје е родена во 1999 година, во време на големата криза на Балканот и на новите предизвици и несигурности за граѓаните на Македонија, и официјално основана во 2000 година, во зората на новиот милениум. Во моментов, ние можеме да ги избриме различните предизвици, очекувања, успеси, пријателства и заедничките радости. Во изминатите години на работење. Имаме на што да бидеме благодарни и горди. Континуираната поддршка од нашите пријателски YMCA организации, други партнери и поддржувачи, придонеси од различни агенции, фондации и компании, како и довербата дадена од многу институции и голем број млади луѓе овозможија YCS YMCA Македонија да се стабилизира, да ги зајакне своите капацитети и да ги прошири своите работни области. Овие цели се длабоко вкоренети во нашата мисија и тие се главната сила за нашата работа. Тоа е причината зошто, YCS YMCA Македонија работи со голем ентузијазам за да постигне и им помоге на младите луѓе, каде и да се - во училиштата, фирмите, клубовите, младинските центри, или на улиците. Ние ќе бидеме таму со децата и младите луѓе од Македонија и со нивните семејства и заедници да се соочиме заедно со проблемите, да се создаде стабилност и да се осмелуваат да експериментираат при  преземање алтернативни патишта, а најмногу од сè, YCS YMCA Македонија секогаш ќе биде тука за да им даде надеж, љубов и подршка.

YMCA движење


Во 1844 во Лондон живеел Џорџ Вилијамс, еден млад трговец на перде. Во 1840 владеел тежок период, особено во Лондон. Англија била во средината на Индустриската револуција. Овој период е одбележан како болно време за многу работници, а текстилната индустрија е една од најтешко погодените. Богатството, моќта и корупцијата биле распространети, имало еден голем јаз меѓу богатите и сиромашните и условите за живеење биле на многу ниско ниво. Работните услови, дури и за младите момчиња и девојки, биле многу лоши. Со малку слободно време и без да може да се замине некаде, многу млади луѓе биле привлечени во коцкањето, пиењето и неморалниот начин на живот. Џорџ Вилијамс, посветен христијанин  го сменил мислењето и решил дека нешто е потребно да се направи. Тој собрал неколку пријатели за да формираат организација, во која би се состанувале редовно и ќе се поддржуваат еден со друг во период на лоши времиња со што би добиле поголема духовна сила. Групата се нарекува Организација на млади христијански мажи (YMCA). Идејата за YMCA е прифатена брзо. Во еден момент тоа движење се шири низ Европа, Америка и во 1851 година, пристига во Аделаида Австралија. Толку било влијателено движењето, што во рок од 10 години, 38 здруженија биле основани во 8 земји. Во 1855, 99 претставници од 38 здруженија се состанале во Париз, и го основале Меѓународниот сојуз на YMCA. На состанокот биле присутни многу првенци, вклучувајќи го и првиот меѓународен собир на христијанските лаици. Состанокот во 1855 го инспирирал и првиот секретар на YMCA Женева, Анри Динан, да се искористат слични методи за да се инаугурира и Меѓународниот Црвен крст.

 
 
Back to content | Back to main menu